Научниците предупредиле дека “гигантски земјотрес” му се заканува на подрачјето на јужна Азија, и дека последиците од таа природна катастрофа би можеле да ги почувствуваат 140 милиони луѓе.
Со оглед на тоа дека научниците работат со премалку податоците од историјата на земјотресите на подрачјето на јужна Азија, геолозите засега не можат да предвидат кога ќе се случи земјотресот, но наведуваат дека веројатно ќе биде со јачина помеѓу 8,2 до 9 степени.
“Ние не знаеме колку долго ќе мине додека да се случи”, изјавил лидерот на истражувањето Мајкл Стилер од Универзитетот “Колумбија”.
-Не можеме да кажеме дека е неизбежен во следните 500 години. Но, секако можеме да видиме дека тој се “гради””.
Најновите сознанија за “гигантскиот земјотрес” се резултат на 13-годишно следење на движењата под Земјината кора, подрачја каде се допираат индиските и суданските тектонски плочи. Иако научниците и претходно знаеле за постоењето на “тензијата” помеѓу овие две плочи, претпоставувале дека тие една покрај друга само лизгаат хоризонтално, што може да предизвика помали потреси.
Но, откако во своите научни истражувања помеѓу 2003. и 2013. година користеле сателити со кои може да се гледа под површинските активности на земјата, меѓународниот тим од научници открил дека Бангладеш всушност лежи на огромна субдукциска зона.
Конкретно, во овој случај тоа значи дека индиската плоча турка под суданската плоча, и тоа по 17 милиметри во година.
Ова е прв пат научниците да откријат субдукциска зона под површината на земјата.
Податоците до кои дошле покажуваат дека во опасност е подрачје во обем од околу 250 километри, а таму се наоѓа и главниот град на Бангладеш, Дака. Тоа за населението на ова подрачје значи години на неизвесност и страв.
“Некои од нас веќе долго се сомневаа на таа опасност, но немавме конкретни податоци. Сега имаме податоци и модел, а можеме и да ја процениме силата на потресот”, заклучил Стеклер, пренесува ScienceAlert.
Некои од најголемите земјотреси кои се забележани во историјата во субдукциски зони е оној во 2004. година во Индискиот океан, кога загинале околу 230.000 луѓе, и катастрофалниот земјотрес кој во 2011. година ја погодил Јапонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст