| четврток, 6 декември 2018 |

Колку треба да спиете според Вашата возраст?

Не спиете толку добро како порано? Можеби причината за тоа е вашето стареење. Спиењето игра голема улога во заштитата на умот и телото. Затоа е важно да се „погоди вистинската доза“ од него.

спие

Џејмс Клир навлегува подлабоко во науката за спиењето за да открие како тоа се менува со нашето стареење. Водејќи се според 65 истражувања направени на „Харвард“ и „Стенфорд“ во периодот од 1960 до 2003 година, тој посочува кон фактот дека како што старееме се намалува квалитетот на сонот и периодот на спиење. Згора на тоа, со стареењето се намалува и фазата на спиење за време на која растат ткивата и се обновуваат мускулите и имунолошкиот систем.

Добрите вести се дека ноќното спиење може да се дополни со дневно спиење. Освен тоа, Клир препорачува и промена на начинот на спиење за приспособување на телото и мозокот.

20140811-kolku-treba-da-spiete-spored-vashata-vozrast-1

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top