Соседите велат: мирен, тивок и повлечен човек, не би згазнал ниту на мравка… а тогаш – свирепо убива жена или силува и касапи тригодишно девојче!
Тоа е матрицата по која изминатите денови се одиграа два ужасни злосторства кои ја потресоа цела Србија, но и Балканот.
Првин Синиша Златиќ (38), човек без криминално досие и без знаци на душевно заболување во полно кафуле ја уби поранешната сопруга Дијана и уште четири лица, а рани 20.
Минатиот викенд Владица Рајковиќ (28) од зајачарското село Вратарница, личност без кривично досие ја силуваше и ѕверски ја уби тригодишната Анѓелина Стефановиќ (3) која за своја жртва ја одбра на детски роденден.
И најстарите полицајци низ солзи зборуваа дека ниту едно претходно искуство не можело да ги подготви на шокантната слика од осакатеното тело на малата Анѓелина. А тоа дело е извршено од рацете на ,,мирниот, тивок и повлечен’’ убиец Владица Рајковиќ.
Се поставува прашањето: дали некако било можно да се предвиди дека навидум мирниот член на заедницата, сосед, колега, познаник одеднаш ќе стане бесчуствителен предатор без тронка каење? Како да ги заштитите своите браќа, сестри, ќеркички. Зарем нашите деца веќе не се безбедни ниту на детски родендени?! Нажалост, одговорите на експертите не се охрабрувачки.
– Невозможно е да предвидите кој тоа од мирните и тивки луѓе ке се претворат во монструм. Такви тестови не постојат, ниту полицијата може да апси по основ на предвидувања за иднината. Демократските општества и човековите права и слободи подразбираат и ризик дека помеѓу нас има и вакви луѓе, вели психотерапевтот Зоран Миливојевиќ.
И психологот Александра Јанковиќ тврди дека е невозможно околината да препознае кој од тие ,,тивки и мирни’’ ќе станат свирепи злосторници.
Сепак, најблиската околина може да препознае некои елементи на агресивност. Но, повторно е невозможно да се предвиди до каде ќе оди таа агресивност кај некого. Сепак, факт е дека тие степени на агресивност растат кај поединецот, а ние како општество станавме нечуствителни и во неможност да го препознаеме тоа како проблем, вели Јанковиќ.
Кога малку ќе се изгребе под површината и во овие два случаи сепак можат да се препознаат знаците на предупредување.
За убиецот на малата Анѓелина, неговиот татко и брат велат дека не бил насилен но имал проблеми со долгови поради што тие помислиле дека ја киндапирал за да ја продаде.
Откако се дозна вистината неговиот татко веднаш изрази сомнеж дека тој ја убил и неговата љубовница Драгана Станковиќ која беше исчезната од пред 20 дена.
– Веројатно бил пијан, а алкохолот, условно речено ги брише кочниците. Тоа што околината не ги приметила знаците на пореметеноста не значи дека не постоеле. Можно е да бил душевно болна личност, но да не бил препознаен. Такви случаи се многу чести, вели Миливоевиќ.
Слична е приказната и на Синиша Златиќ од Житиште. И за него соседите имаа само пофални зборови, но не и таткото на убиената Дијана и нејзиниот вујко кои и претходно ја забележале неговата агресија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст