| четврток, 6 декември 2018 |

Арената „Филип Втори“ во полн сјај – трибините се полнат до последно место (ФОТО)

Навивачите на Варадар и вљубениците во фудбалот кои вечерва одлучија да му дадат поддршка на македонскиот тим во колони чекаат на редот за влез на арената „Филип Втори“. Иста е сликата пред секоја од трибините, а и градскиот парк е препол со навивачи во боите на црвено црните. Оние кои се сеќаваат на најдобрите времиња на Вардар велат дека се враќа сјајот на најголемиот стадион преку пополнетост до последното столче.

arena publika 1

Според последните информации заклучно со минатата ноќ биле продадени 20.000 билети, а и денеска билетарата на арената работеше под полна пареа. Се очекува Варадар вечерва да го бодрат повеќе од 25.000 навивачи во желбата да стигне до резултат со кој дополнително мотивиран ќе го очекува реваншот за седум дена во Загреб како би стигнал до третото квалификациско коло од Лигата на шампионите. Во еден глас заедно ќе навиваат за триумф против хрватскиот шампион.

arena publika

13639417_10153496369441741_529864719_o

13681865_10153496369861741_525742547_o

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top