| четврток, 6 декември 2018 |

Проговори мајката на снајперистот кој уби полицајци: „Војската го смени мојот син“

Американскиот воен ветеран кој во минатонеделниот расно мотивиран напад убил петмина полицајци во Далас, бил разочаран од военото искуство во Авганисан, открила неговата мајка, пренесуваат во понеделникот американските медиуми.

majka-micah-johnson-vojska-02

Мика Џонсон, кој служел војска во Авганистан, бил „разочаран” од своето воено искуство, рекла неговата мајка во разговорот за порталот Блејз во понеделникот.

majka-micah-johnson-vojska-03

-Војската не беше таква каква што очекуваше Мика, рекла Делфина Џонсон, чиј син бил убиен од полициски робот во текот на неговиот напад на полицајците во четвртокот навечер.

-Беше многу разочаран. Многу разочаран, додала мајката на Џонсон за неговата воена кариера, но не сакала да открие што стои зад отпуштањето на Џонсон од војската.

Неколку медиумски организации известиле дека Џонсон за време на престојот во Авганистан, бил обвинет од една колешка за сексуално вознемирување.

25-годишниот Џонсон во преговорите со полицијата кажал дека го налутиле случувањата кога полицајците убиле двајца Афроамериканци.

„Сакам да убивам бели луѓе”, им рекол Џонсон на полицајците.

напад

Тие инциденти, кои се последни во низата контроверзни полициски убиства на Афроамериканци во градовите како Њујорк, Фергусон, Мисури, Чикаго и Балтимор, за викендот поттикнале нови демонстрации поради расното прашање во САД.

Полицијата во Батон Руж во неделата уапсила 20-тина луѓе откако властите предупредиле дека насилствата за време на уличните демонстрации нема да бидат толерирани.

Шефот на полицијата во Далас, Дејвид Браун, во неделата за CNN рекол дека при претресот на домот на Џонсон биле пронајдени експлозиви, а планирал и напади над полицијата.

-Уверени сме дека осомничениот имал други планови, рекол Браун додавајќи дека полициските убиства на црнците ја забрзале одлуката на Џонсон.

Военото знаење на Џонсон му овозможило брзо да се движи и да пука, поради што полицијата се плашела дека станува збор за повеќе напаѓачи

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top