
Технички цртач од Задар, како и голем број на Хрвати, се одлучил да тргне по подобар живот во европските држави, поточно Ирска, но брзо се вратил разочаран.
– Многумина ќе речат не си се снашол. Можеби така им изгледа, но не е баш така. Јас враќањето го одбрав затоа што Ирска едноставно не ми одговараше, изјавил тој.
Роден во околината на Задар, млад, оженет со деца, како и многумина луѓе од овие простори се решил да си ја проба среќата во странство.
– Ирска е супер, но далеку е се од приказните дека таму тече мед и млеко. За почеток, се разбира, мора да имаш пари за да се сместиш, најмалку 1 000 – 1 500 евра. Собите се од 500 евра па нагоре, а депозитот е задолжителен, раскажува тој.
– Некои сопственици бараат пари еден месец однапред, некои и по два или три. Освен кирија мора да се има и за режиски трошоци. Кога стигнав таму и се сретав со работодавецот со кој комуницирав од Хрватска, излезе дека баш и не мора да работам секој ден, што значеше помалку дневници, но и дека ние од “источниот блок” сме помалку платени отколку Ирците. Тие не работат под 25 евра на час, а ние пак бевме на сатница од 9-15 евра, објаснил тој.
Неговата професија таму е барана и ценета, па тој успеал веднаш да најаде работа во неговата струка.
– Мене ме плаќаа помалку него ли хонорарен работник Ирец, а јас за 4 дена сработев повеќе отколку тој што заврши за 6. Беа задоволни од нашето искуство, знаењето и тоа колку се трудевме. Некој кој седи тука на Балканот, без деца и жена, ако е млад…зошто да не. Но јас и во тој случај би останал и би се обидел да изградам кариера. Таму некако се ми беше бесмислено. Осамен си, времето е ладно и премногу врнежливо, а на работното места знаеш дека од самиот старт си дискриминиран. Фала и на Ирска за пружената шанса, но не. Јас се вратив, успеав тука да најдам нормално платена работа, но барем сум дома. Морам да плаќам кредит, но сум со моите жена и децата. Таму ќе се мачев и ќе животарев, а и тука е исто, но барем не сум одвоен од семејството, изјавил овој Хрват.
– Не е тоа-тоа. Да бев упорен и да стиснев заби и да работев сам таму и јас можев да останам. Но она што сакам да го потенцирам е дека не е се така како што се претставува. Со странците се прилично љубезни, има доста фирми каде може да се најде вработување, но премногу работи не се како што ние сме навикнале. Лудо е тоа што кога нас ќе не споредиш со нив и геополитички и за ресурси, ние имаме повеќе од нив, завршил тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Хорор куќа на Балканот која ги „убила“ сите сопственици
-
Невреме над Балканот, девојче загина од удар на гром
-
Возачите на Балканот во паника: Пристига новиот радар со кој полицијата ќе може освен брзината, да детектира и дали зборувате на телефон!
-
Џабе работи, џабе не седи: Во Луксембург за еден час се заработува колку на Балканот за цел ден


