Заечарската полиција го пронајде во реката Тимок телото за кое се претпоставува дека е втората жртва на Владица Рајковиќ(28), свирепиот убиец на девојчето Ангелина Стефановиќ(3), дознава Блиц. Рајковиќ денеска на повтореното сослушвање во полицијата поради убиството на детето кое го шокираше целиот регион, призна дека ја убил Драгана Станковиќ(47) и дека нејзиното тело го замотал во ќебе и го фрлил во Тимок.
Несреќната жена исчезнала пред 20 дена од селото Вратарница кај Заечар, а вчера таткото на убиецот, веднаш се посомневал дека освен девојчето, неговиот син ја убил и Драгана.
По денешното признание на повтореното сослушување, полицијата тргнала во потрага по телото на Драгана. Според последните информации пронајден е леш за кои постои сомнеж дека е на Драгана.
Обвинителот побара против осомничениот убиец на тригодишното девојче да се поднесе кривична пријава поради сомнеж дека сторил уште едно убиство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Опструкции на секој чекор: Граѓаните кои доаѓаа на протест стопирани на секоја патарина (галерија)
-
Хит на Фејсбук: Хрватски полицајци се обидуваат да поправат службено возило (видео)
-
Само кренат глас ќе се слушне: Полицајците во понеделник на марш низ Скопје
-
Убиецот од Мала Речица вечерва приведен во селото Гајре