| четврток, 6 декември 2018 |

Мртвото бебе пронајдено во канта во тоалет на Табановце било родено живо

tabanovce

Бебето кое студентка од Скопје го фрли во корпа за отпадоци во тоалет на граничниот премин Табановце во март оваа година, било родено живо, покажале разултатите од обдукцијата што стигнале во Основното јавно обвинителство во Куманово. Таа по породувањето се качила во автобусот со своите колеги и заминала на апсолвентска екскурзија во странство.

Настанот се случил на 29 март, кога студентката Т.И.(23) од Скопје, која била во поодмината бременост, тргнала со своите колеги на екскурзија. Додека чекала на граничниот премин да ја поминат пасошката контрола почувствувала силни болки во стомакот и заминала во тоалетот. Таму се породила и го фрлила бебето во корпа за отпадоци, по што го покрила со хартија. Потоа се вратила во автобусот и продолжила со патувањето. Бидејќи и се влошила здравствената состојба била примена на гинеколошко одделение во Прага, Чешка.

Мртвото новороденче било пронајдено наредниот ден додека вработените го чистеле тоалетот. Случајот бил пријавен во Кумановската полиција, а по прегледување на камерите и во соработка со организаторите на ексурзијата утврден е идентитетот на мајката. На 18 април кога се вратила од патувањето девојката била приведена.

Т.И. ќе одговара за убиство на дете при породување. Таа се бранела во полиција дека не знаела оти е бремена.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top