| четврток, 6 декември 2018 |

Триесетгодишен скопјанец загина кај Ајдучка Чешма

Возачот на „БМВ“ кој денеска го загуби животот во сообраќајна несреќа што се случи на автопатот Велес-Скопје, е триесетгодишниот скопјанец Зенун Л., дознава „Курир“.

Според информациите од СВР Скопје за „Република“, до несреќата дошло утрово околу 11 часот, откако автомобил „БМВ“ со скопски регистарски таблички излета во амбис од висок мост на автопатот Велес – Скопје. Возачот бил сам во автомобилот.

Полицијата врши увид на местото на несреќата, по што ќе се знаат повеќе детали.

 Фото: илустрација

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top