| четврток, 6 декември 2018 |

Уште седум лица уапсени за нападот во Истанбул

Турските власти уапсиле уште седум осомничени лица за повразноста со тројниот самоубиствен бомбашки напад во истанбулскиот меѓународен аеродром „Ататурк“ во кој на 28 јуни беа убиени 45 луѓе.

напад

Со овие нови апсења, бројот на приведените поради поврзаност со џихадистички движење и нападот во аеродромот во Истанбул се зголеми на 37, забележува агенцијата Доган.

На списокот од овие 37 лица, 22 се странци, главно од кавкаските руски републики и од руското говорно подрачје во Централна Азија од поранешните советски републики каде што мнозинско е муслиманското население, како и 15 Турци.

Обвинителството мора да го финализира обвинението против нив и ќе им се суди за „припадност на вооружена терористичка организација“, дело за коешто може да добијат 15 години затвор, а датумот на почетокот на судењето ќе биде објавен подоцна.

Турските власти за овој најкрвав напад во Истанбул од почетокот на годинава ја обвинија екстремната сунитска организација Исламска држава, којашто вообичаено не ја презема одговорноста за сличните напади во Турција.

По нападот засилени се безбедносните мерки на аеродромите, железничките станици и во подземната железница во Истанбул.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top