Вчера наутро во 8,10 часот по телефон во полициската станица во Делчево Е.И.(19) од Делчево пријавила дека истиот ден во 5,50 часот во спалната соба од нејзиниот дом влегол П.Р. извадил нож од џебот и од нејзината чанта зел 1.000 денари и мобилен телефон. Кога оштетената му рекла дека ќе го пријави в полиција, со тупаница ја удрил во пределот на лицето, а потоа избегал.
По укажаната лекарска помош, истата во ПС-Делчево донела лекарска потврда за набиеници и подлив на челото.
Од страна на полициски службеници П.Р. од Делчево е пронајден и приведен за натамошна постапка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Грк украл врв од столб од Акропол
-
Милионска кражба во Македонија: Обиен сеф на приватна фирма
-
Фатил жена во кражба: Кога ги видел нејзините деца наместо да ја уапси направил нешто неверојатно(видео)
-
Крадците го опустошија градот повеќе од ураганот: Група луѓе влегуваат по маркети и носат што ќе најдат(видео)