| четврток, 6 декември 2018 |

Teшка кражба, од куќа украдени повеќе од 12.000 евра

Непознат сторител вчера од куќа во валандовското село Пирава украл сеф во кој имало 12 илјади евра, 20 илјади денари и златна лира.

Како што соопшти МВР, сторителот го искористил периодот кога немало никој на спратот во куќата. Тој ја скршил влезната врата и го одзел сефот во кој имало и лични документи.

Случајот синоќа во полиција го пријавил сопственикот на спратот од куќата М.Ќ. (61) од селото Пирава.

Увид на местото на настанот извршила екипа од ПС-Валандово. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top