Според одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР БС-95, на ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на екстралесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалија за 2 денари, односно за 0,50 ден/лит и со тоа цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 од 63,00 ден/лит падна на 61 ден/лит, на ЕУРОСУПЕР БС-98 од 64,50 ден/лит падна на 63 ден/лит, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) од 49,50 ден/лит на 49 ден/лит, а екстралесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) отсега ќе се продава за 37,50 ден/лит.
Просечната цена на сурова нафта на светскиот пазар во изминативе две недели изнесуваше 46,759 долари за барел, што е за 2,45 % пониска од просечната цена на сурова нафта (47,934долари за барел) по која беа формирани тековните цени на нафтените деривати, стои во одлуката на РКЕ.
Курсот на денарот во однос на доларот во истиот период изнесуваше 55,5418 денари за долар и е за 0,976 % повисок од курсот на доларот (55,0050 денза долар) по кој беа формирани цените.
Имајќи ги предвид влијанијата на овие елементи во формирањето на цените на нафтените деривати според методологијата, рафинериските цени на нафтените деривати се намалуваат во просек за 1,41%.
Малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се намалуваат во просек за 0,81%.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.