| четврток, 6 декември 2018 |

Премиерот Груевски со семејството во црквата „Св.Димитрија“

Фото: МИА

Премиерот Никола Груевски денеска со семејството по повод одбележувањето на православниот празник Распетие Христово Велики Петок, ја посетија црквата „Св. Димитрија“ во Скопје. Согласно православните канони и обичаи, премиерот Груевски со своето семејство, помина под светото платно Плаштаница, соопшти владината прес-служба.

45B4B988216CB2A8675AAD14D3E80A87

За време на дочекот на најголемиот празник Воскресение Христово Велигден, според најавата, премиерот Груевски со сопругата ќе престојува во Кичево каде со останатите православни верници ќе присуствуваат на Светата литургија, која ќе се организира во кичевскиот православен храм „Св. Петар и Павле“.

5784C025EAE20857466804225A95A47D

На првиот ден од Велигден, в недела, премиерот со семејството ќе престојува во Охрид на утринската литургија во црквата „Св. Богородица“ Каменско, а потоа во Струга ќе ја посети црквата „Св. Ѓорѓија“.

Во понеделник, на вториот ден од Велигден, премиерот Никола Груевски ќе присуствува на поставување камен темелник на нова црква во Вевчани.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top