| четврток, 6 декември 2018 |

Овие хороскопски знаци ќе имаат успешна недела, проверете дали сте меѓу нив…

Неделата во која влегуваме ќе биде исполнета со многу случки кои ќе ве натераат да размислите за смислата на животот и за тоа што всушност правите со својот живот. Три од хороскопските знаци ќе имаат успешна недела:

 

Скорпија

Прекрасно се чуствувате, задоволни сте, а причината е индивидуална. Некои претставници очекуваат деловна експанзија, некои се во нов интересен проект, а пак некои започнуваат со бизнис. Бидејќи периодот е поволен, препуштете се на ваш својствен начин. Ведрината во вас ви дава сила целосно да се посветите на работата, но и задоволството со кое оди бидејќи и финансиите ќе ви се подобрат. Мала нервоза е нормална состојба, бидејќи почесто сте под стрес било тоа да е работен или пак семеен. Ќе бидете во форма и за сите видови интелектуални активности.

Близнаци

Во оваа недела среќата ќе биде на ваша страна и дури ќе ви донесе пари. Тоа е потсетник повторно да изберете најсреќните броеви. Како некоја таинствена сила ќе ве води и покажува правилни чекори што малку ќе ве плаши и тера да се запрашате дали навистина заслужувате слична чест. Да, заслужувате – сега ќе сте среќници од Зодијакот! Покрај тоа, овие денови ќе ви дадат шанса да ресетирате некои повредени односи. Јавете им се на свои роднини и блиски. Организирајте семејно собирање во саботата.

Овен

Љубовта е вашата сила оваа недела. Умот, срцето и секоја минута од секојдневниот живот ќе ви бидат окупирани со тоа да се справувате со виорот од емоции, од кои ќе блескате. Ќе бидете највљубените и среќни меѓу сите наоколу и тоа може да доведе до мала завист од неочекуван човек до вас. Бидете насмеани и спокојни, не чувствувајте вина и решавајте ги проблемите дипломатски. Имате право да бидете среќни и ова е ваша недела за тоа. Уживајте!

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top