| четврток, 6 декември 2018 |

17 повредени во сообраќајка во Србија

policijaВо судир на бугарски автобус и камион со пиротски регистарски таблички, денеска во близина на Пирот се повредени 17 патници, од кои двајца се во потешка состојба. Автобусот одел кон Бугарија и налетал на камионот, кој бил паркиран крај патот.
– До несреќата дојде околу 12.45 часот на магистралниот пат Пирот-Градина, а повредени се 17 патници од автобусот – 15 полесно, а две лица имаат потешки повреди – се вели во соопштението на српското МВР.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top