| четврток, 6 декември 2018 |

Обама во муслиманска носија на свадбата на братот Малик

Бил О ‘Рајли во својата програма прикажал фотографии од американскиот  претседател Барак Обама во традиционална муслиманска носија тврдејќи дека се снимени на венчавката на неговиот брат Малик.

Водителот на телевизијата  „Фокс њуз“ тврди дека било „многу тешко да ја потврди точната локација на која се направени фотографиите “, но тврди дека се снимени во Мериленд во 1990-тите.

– Според зборовите на неговата полусестра, Барак Обама присуствувал на венчавката на својот брат. Малик Обама бил муслиман – изјавил О’ Рајли.

Малик прв пат се оженил во 1981 година, а Обама му бил кум на таа церемонија. Сега има неколку жени.

О ‘ Рајли ги користел фотографиите како илустрација за својот монолог со кој изразува сомнеж дека Обама има „длабоки емотивни врски со исламот“, кои го спречиле ефикасно да се бори против Исламската држава и кои ги смета за доказ дека Обама  не е „посветен христијанин“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top