НАТО авионите ги фрлаат бомбите и ракетите во Јадранско море, и тоа не само во посебни зони, туку и во близина на брегот.
На тој начин се создаваат големи концентрации на отровни хемикалии, асо оглед на тоа дека бомбите се подложни на мените на морската струја, се работи за подвижен арсенал на смртта.
Италијанскиот новинар Џани Ланес тврди дека НАТО и италијанските власти не ја кажуваат вистината кога велат дека во Јадранот се назначени шест посебни зони каде воените авиони при враќањето од воените мисии се ослободуваат од бомбите и ракетите кои не се искористени.
Според информациите до кои дошол во текот на истрагата, такви зони има 24, а тие не се наоѓаат само во меѓународните води, туку и внатре во државниот простор, како од италијанска, така и од хрватска страна.
Зоните за воен отпад се простираат од Трст, односно од северен Јадран, па се до југ, до Санта Мариа ди Леуце, град пред Отранската врата.
-На дното пред брегот на Песаро, педесеттина милји од истаркскиот брег се наоѓа огромен арсенал од бомби од вторната светска војна и од мисијата на НАТО од 1999 пгдина, при бомбардирањето на Србија. Концентрацијата на иперит, фосфор и останатите отровни хемикалии е застрашувачка, а бомбите се подложни на мените на морската струја, се работи за подвижен арсенал на смртта.
-Неодамна по должината на италијанскиот брег беше забележан масовен помор на желки и делфини, а во италијанската државна агенција ’Икрам’ која ја следи оваа појава наведуваат дека на телата на животните биле пронајдени изгореници и длабоки рани, раскажа Ланес кој наскоро ќе објави книга во која, како што вели, открива застрашувачки податоци за голем број случаи на тумори кај новороденчињата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.