| четврток, 6 декември 2018 |

Синот се закани со одмазда за убиството на Бил Ладен

Синот на поранешниот лидер на терористичката мрежа Ал Каеда, Осама бин Ладен, Хамза се закани дека ќе им се одмазди на САД поради убиството на неговиот татко, објавија американските медиуми.

pentagonyt-ne-iska-knigata-za-zalavqneto-na-osama-bil-laden-91593

Во видео запис под назив „Сите сме Осама“, објавен на една исламистичка веб-страница, Хамза бин Ладен наведува дека Ал Каеда ќе ја продолжи својата глобална војна против САД и нивните сојузници.

Како што соопшти организацијата „Интелеџенс груп“, која ги следи објавите на исламистичките сајтови, во 21-минутно видео Хамза најавува дека смртта на неговиот татко ќе биде одмаздена.

Осама бин Ладен беше убиен во Пакистан од страна на американски командоси во 2011 година.

Неговата смрт претставуваше тежок удар за Ал Каеда, која е обвинета дека стои зад нападите во Њујорк и во Вашингтон од 11 септември 2001 година.

Дополнителен удар на Ал Каеда претставуваше и појавата на џихадистичката група Исламска држава, која се наметна како водечка исламистичка сила во „светата војна“ против Западот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top