| четврток, 6 декември 2018 |

Братот на монструмот кој го уби девојчето во шок: „Скотот треба да се убие“!

Српските медиуми на големо пишуваат за грозоморното убиство на тригодишното девојче од селото Вратарница.

Според „Блиц“ убиеното девојче било на роденден во куќата на братот на убиецот, кој организирал роденден на својата ќерка.Жртвата пристигнала на прославата со својата мајка, а таму бил и убиецот, Владица Рајковиќ.

618d4d29a49848518513f3c280c9445b

Понатаму „Блиц“ пишува дека во еден момент Владица го одвоил детето на страна, ја изнесол надвор од куќата, а потоа им се изгубил секаков траг.

Мајката на девојчето околу 21 часот сфатила дека малечката Анѓелина ја нема, а потоа и останатите гости забележале дека и Владица веќе подолго време е отсутен од роденденската забава. Сите гости веднаш тргнале да ги бараат.

ab1eb0f5f0e3ae4b98f3de9cf9a417f9

Вујкото на тригодишната А.С. го сретнал Владица на улица и го прашал каде е девојчето, а монструмот одговорил дека ја оставил на автобуска станица, а тој и се враќа на забавата.

По неуспешната потрага, мајката го пријавила исчезнувањето на девојчето во полиција, а гостите им изјавиле на полицајците дека се сомневаат во Владица.

ab1eb0f5f0e3ae4b98f3de9cf9a417f9

Според „Блиц“, Владица се обидел да побегне, но полицијата го фатила и по кусото испитување тој признал дека го силувал малото девојче и дека го претепал до смрт. Притоа објаснил дека телото на девојчето се наоѓа на 600 метри оддалеченост од куќата каде се одржувала прославата.

Според изјавите на соседите, вујкото на несреќното девојче при разговорот со Владица не забележал траги од крв, бидејки монструмот веќе ги измил рацете во реката Тимок, потоа отишол дома каде се пресоблекол и се вратил на роденденот.

c8af5f736dc802b3dd83df1d928c36cf

Кога братот на Владица слушнал што се случило извикувал: „Скотот треба да се убие“, удрил во тракор, по што си ја повредил раката.

e861ef2ca957fa18b318934881632dd7

Нивниот татко Небојша на полицијата и раскажал дека се сомнева оти Владица убил и друга жена од нивното село, која исчезнала пред 20 дена.

Соседите за „Блиц“ раскажале и дека Владица во селото бил познат како проблематична личност. Крадел, пиел и постојано запаѓал во неволји. Неговиот роден брат се иселил од куќата, бидејки неможел да живее и чува дете покрај него.

ubijena-devojcica-ubica_620x01

Владица и Перица уште како деца биле оставени од својата мајка, па затоа соседите мислат дека е можно тоа да има длабока трага на нив.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top