| четврток, 6 декември 2018 |

Спасов: Владината поддршка го зголеми интересот за изградба на домови за стари лица

Ја намаливме вредноста на почетната цена на градежното неизградено земјиште, почетната цена е едно евро за метар квадратен, а исто така се намалени и комуналиите за 95 проценти, изјави за ТВ Нова министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, говорејќи за пакетот на поволности кои ги овозможи Владата, а кои се однесуваат на инвестирање за отворање на приватни старечки домови.

starski-dom

-Оние кои сакаат да инвестираат во оваа област, можат да ги искористат и поволните кредитни линии преку Македонската банка за поддршка на развојот, исто така и мерките за вработувања кои се реализираат преку АВРМ. Најновиот проект „Македонија вработува“ нуди и грант средства за отварање на приватен дом за стари лица, неповратни средства што се доделуваат за опремување или изградба на ваков објект, изјави Спасов.

133251669-65345

Според него, има интерес за отварање на ваков тип на домови за згрижување на стари лица, но постои простор за негово зголемување, бидејќи има потреба од вакви објекти.

-Се уште постои простор за зголемување на инвестициите и отварање на вакви домови. Со тоа ќе се отворат и нови работни места. Има потреба од приватни домови за стари лица. Има иницијативи има за четири нови објекти за стари лица, вели Спасов.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top