| четврток, 6 декември 2018 |

Нашите млади надежи поразени од Турција

kosarka

Македонската репрезентација синоќа загуби убедливо од Турција со 77-47 во 2. коло на турнирот во Скопје за кошаркари до 16 години.

Гостинските кошаркари од Турција големата разлика ја направија во второто полувреме. Тие на полувреме имаа само четири поени предност. Македонија слично како и на дуелот со Русија, одигра лошо второ полувреме за на крај да доживее убедлив пораз.

Вечер од 19:30 часот, во рамките на последното, 3.коло од турнирот, Македонија игра против Бугарија за прва „почесна“ победа.

Меѓународниот турнир во салата на Вардар под Кале за МКФ е генерална проба пред организацијата на Европското првенство дивизија Б, кое од 29. јули до 8. август ќе се одржи во Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top