| четврток, 6 декември 2018 |

Ja киднапирал од роденден: Како монструмот го убил тригодишното девојче откако го силувал

Тригодишно девојче од Зајачар синоќа било силувано, па претепано до смрт.

monstrum

Тригодишното девојче од зајачарското село Вратарница кое синоќа било силувано, па убиено со тупаници и со камења било киднапирано од роденден. Неговото тело било пронајдено откако В.Р. (28) од истото село го признал злосторството.

Министерството за внатрешни работи на Србија одржа вонредна конференција на која што беше соопштено дека убиеното девојче било на роденден кај соседите што живееле во близина на неговата куќа, а родителите околу 21 и 30 часот забележале дека исчезнало.

ubijena-devojcica-ubica_620x01

Тие веднаш пријавиле во полиција. Гостите кои биле на роденденот на полицајците им кажале дека се сомневаат дека за исчезнувањето на девојчето е одговорен В.Р. затоа што забележале дека и тој исчезнал.

Неполн час по пријавата, полицијата го пронашла осомничениот кој го признал делото и кажал каде е телото на девојчето.

Безживотното тело било најдено на околу 600 метри од куќата каде што бил роденденот.

„Блиц“ дознава дека В.Р досега не е осудуван. Нему му е одреден притвор од 48 часа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top