Џихадистичката група „Исламска држава“ пушти во оптек сопствена валута, која би требало да биде користена како платежно средство на териториите под нејзина контрола.
Како што соопшти Сирискиот центар за мониторинг на човековите права, ИД има наредила на сите трговци, пред се на оние со нафта и нафтени деривати, при плаќање на ја користат новата валута наречена златен динар.
Во менувачниците и банките на териториите под контрола на ИД еден златен динар се менува за 190 американски долари.
Борците на ИД контролираат поголем дел од источна Сирија, како и територии во северен и западен Ирак. На територите под нејзина контрола во овие две блискоисточни земји ИД во јуни 2014 година прогласи „Исламски Калифат“, чија неформална престолнина е сирискиот град Рака.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст