Еден од најскапите разводи во историјата конечно е завршен, но веруваме дека по судската пресуда ниедна од двете страни не заминала дома насмеана.

Некогашниот супермодел, 54-годишната Кристина Естрада, која го тужела својот поренешен сопруг милијардер, 61-годишниот Валид Џуфали, барајќи бракоразводна оштета од 196 милиони фунти, добила “само” 53 милиони фунти по судската одлука.
Естрада бараше од нејзиниот поранешен сопруг да ѝ исплати голема сума на пари, за да може да продолжи да живее луксузен живот, каков што водела до сега. Така таа навела дека ѝ се потребни 55 милиони фунти за нова куќа, милион фунти годишно за нова облека, половина милион фунти за пет луксузни автомобили.
Таа во судницата леела солзи обидувајќи се да објасни зошто ѝ се потребни тие пари.
-Јас сум Кристина Естрада. Јас бев меѓународен топ модел. Живеев таков живот. На тоа се навикнав”, им велела таа на адвокатите кои го застапувале нејзиниот поранешен сопруг.
За тоа време, Џуфали во болница во Цирих водел битка со ракот, па не присуствувал на рочиштата во Лондон.
Нејзините адвокати тврделе дека Џуфали е вреден осум милијарди долари. Но, овој саудиски шеик, кој зад себе има три пропаднати бракови, тврди дека тие претеруваат и дека има 113,8 милиони фунти. Во изјавата на суд рекол дека голем дел од своето богатство им оставил на своите три најстари деца, меѓу кои и неговата ќерка со Естрада.

Шеикот се развел од манекенката во Саудиска Арабија во 2014. година, под исламски закони и без нејзино знаење. Проблемите во нивниот брак се појавиле во 2012. година, кога одлучил да се ожени со 25-годишна манекенка од Либан, мајка не двете негови најмали деца, додека бил во брак со Кристина. Според муслиманската култура, нему му е дозволено да има повеќе од една сопруга.
По разделбата, Кристина од својот поранешен сопруг добила луксузна куќа на Беверли Хилс, а на сметка имала повеќе од 20 милиони фунти. Џуфали ѝ понудил уште 17 милиони и дозвола да ја користи раскошната куќа во Лондон во наредните пет години, а тој да ги покрие сите трошоци. Сепак, тоа не ѝ било доволно.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


