Општините Кривогаштани и Крушево денеска се во агендата на Никола Груевски, претседател на ВМРО ДПМНЕ.
Во Кривогаштани се завршуваат проекти кои се вредни над три милиони евра или околу 200 милиони денари. Се работи за изградба на четири или пет улици, канализации, објекти што се значајни за младите, како што е спортската сала и мултифункционалното игралиште, сточниот пазар и плоштадот кој се завршува.
-Денеска заедно со неколку мои соработници дојдов во населеното место Кривогаштани и во населеното место Крушеани, пред се заради средба со повеќе граѓани за да слушнам нешто повеќе за актуелните проблеми, но и за сите други прашања за кои тие сакаат да разговараат. Исто така имав можност на терен да се уверам од една градежна експанзија што ја има во општината Кривогаштани. Се гради на многу места, нешто е веќе завршено, нешто е во градба, а нешто пак сега почнува – изјави Груевски при посетата на општината.
Груевски потенцираше дека дел од прашањата и проблемите на граѓаните кои што порано не биле решени сега се решаваат. Претходно, рече, немало градинка сега таа е изградена. Имало руинирано училиште кое сега е комплетно обновено. Немало спортско игралиште, ниту пак спортска сала или била целосно руинирана, а многу улици биле во многу лоша фаза. Немало ниту Брза помош која сега ја има во општината, а отворени се и седум подрачни единици кои во минатото не постоеле.
Во општината во завршна фаза е изградбата на училишната спортска сала и адаптацијата на градинка, изградени се повеќе улици во повеќе населени места, отпочната е постапката за изградба на зелен пазар, а се гради и нов плоштад во Кривогаштани.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер
-
На комисија изгласано одземање на мандатот на Груевски, конечната одлука на пленарна седница
-
Ниту јас, ниту другите обвинети во случајот за градбата на патиштата, не сме обвинети за земање на провизии