| четврток, 6 декември 2018 |

Знам дека има рак, ама сакам да ми биде жена

 

Енди Бел ја запознал Ана Свабеј перку интернет. Му кажала дека има тумор на мозокот и само уште три години живот. Сепак, се свршиле.

13095817_10154436331285101_5656374095106674860_n

Кога ќе ѝ ветува љубов додека смртта не ги раздели 26-годишниот Енди ќе знае дека тоа нема да се случи во наредните две години, пишува Дејли меил.

Тој е свесен дека во оваа ситуација многумина би се испаничиле и би се откажале од љубовта на својот живот, но тој решил барем две години да си дозволи да живее во рајот. Тој не е со Ана поради сожалување, туку поради нејзиниот изглед и веселиот карактер.

Уште по првиот состанок станале дечко и девојка. Неразделни се, а тој ѝ е поддршка. Ана го запоззнала со своето смејество, кое имало сомнежи во искреноста на Енди, а истовремено и тој ги запознал своите родители со новата девојка, а тие ја прифатиле одлуката на синот.

12805732_10154253713510101_6329995076164325618_n

Енди бил со Ана во болница кога закрепнувала по операција на мозокот, а не ја оставил ниту кога одела на хемотерапии.

Состојбата на Ана не може да се подобри, лекарите само се обидуваат да ѝ го продолжат животот. Сепак, таа е позитивна и не губи време на огорченост иако некогаш минува низ пекол.

Енди ја побарал за жена зимоска, а свадбата ќе ја направат летово во Јокшир.

-Знам дека ќе бидам вдовец пред да наполнам 30 години, но се што сакам е да кажам дека Ана ми е жена и да имаме заеднички живот бареме еден момент.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top