| четврток, 6 декември 2018 |

Грацијано Пеле ги изненади сите, се сели во Кина за дневна плата од 20.000 евра

gracijano pele

За еден од подобрите италијански репрезентативци на Европското првенство во Франција, Грацијано Пеле, летово се интересираа и Милан и Челси, понуда подготвуваше и Лацио, но италијанскиот репрезентативец нема да остане во Европа, туку својата кариера ќе ја продолжи во Кина. Веќе беше објавено дека токму членот на Саутемптон е една од најголемите желби на кинескиот прволигаш Шендонг, а според последните информации Пеле ја прифатил понудата од далечниот Исток.

Причината е сосема јасна – од финансиски аспект Шендонг понуди двојно повеќе од останатите заинтересирани клубови, па така Пеле неделно ќе заработува по 140.000 евра, или подобро кажано, италијанскиот голгетер за секој ден минат во Кина ќе станува побогат за 20.000 евра. Тренер во новиот клуб на Италијанецот ќе му биде германскиот стратег Феликс Магат.

Од овој трансфер добро ќе заработи и Саутемптон, кој ќе добие 18 милиони евра од Шандонг за својот голгетер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top