| четврток, 6 декември 2018 |

Безредието продолжува: Застрелан уште еден полицаец во Џорџија

Дваесет и едногодишниот Виктор Алонсо Нуњез од автомобил во движење пукал во полицае во Розвел близу Атланта, Џорџија. Полицаецот возвратил на нападот, во кој и двајцата се повредени од прострелни рани.

По извршената операција и полицаецот и напаѓачот се надвор од животна опасност.

Нападот се случил само неколку часа по масакрот во Далас, каде снајперист уби пет полициски службеници, а тешко рани седуммина. И во овој случај, полицаецот беше белец.

На напаѓачот ќе му се суди за напад и поседување на дрога.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top