Повеќе од пет куќи се зафатени попладнево во пожар во центарот на Струга, зад хотелот „Београд“. Засега нема информации за настрадани лица во пожарот, ниту за причините за негово избувнување.

Екипи на Територијалната противпожарна единица од Струга се на местото на настанот, а помош има и од охридските пожарникари.
Се работи за куќи од збиен тип, пристапноста е тешка, а, според очевидци, пламените јазици постојано се шират. Постои опасност од зафаќање на други објекти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


