| четврток, 6 декември 2018 |

Американски воен авион се урна во Киргистан

Воен авион на американската армија кој пренесувал гориво попладнето се урна во ненаселена област во Киргистан, соопштија тамошните власати. За сега нема информации за жртви.

Американската авијација има воена база во Киргистан која ја користи за транзит на авионите танкери кои пренесуваат гориво кон и од Авганистан.

Авионот, според првичните информации се урнал на околу 160 километри од базата. Првиот човек на регионот Чалдовар,Куралбек Камалијев рекол дека авионот се распаднал на три дела кога удрил во ненаселено место.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top