| четврток, 6 декември 2018 |

Секој ден и носи цвеќе: Оваа жена бдее над гробот на Јелена повеќе од родената мајка

Мајката и сопругот на убиената Јелена Маријановиќ (33) вчера на празникот Иванден го посетија нејзиниот гроб да запалат свеќа и да и однесат свежо цвеќе.

јелена

Како што дознава српски Ало, Зоран Марјановиќ еднаш неделно го посетува гробот на својата сопруга, но никогаш не е сам, или оди со неговиот татко или со неговата баба.

– Од кога е погребана Јелена, Зоран редовно оди на гробишта, но никогаш не го посетува сам. Доаѓа во друштво со неговиот татко или со мајката на Јелена. Интересно е што тие тројца никогаш заедно не го посетиле гробот, освен на погребот и за поменот, вели пријател близок до семејството.

Но исто така додава дека гробот на Јелена секојдневно бил посетуван од нејзината кума.

– Не минува ниту еден дена, а таа да не и однесе цвеќе на гробот. И доаѓаат и другите кумови бидејќи ги има неколку, но кумата почесто го посетува и од родената мајка и сопругот. Беа многу блиски и таа ни по три месеци од убиството не може да се помири дека ја нема, открива изворот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top