| четврток, 6 декември 2018 |

Хрватска презема вреден недвижен имот во Тунис, Кенија, Мадагаскар и Алжир

Хрватска во најновиот круг на враќање на дипломатските и конзуларни претставништва на поранешна Југославија ќе преземе недвижен имот вреден десетици милиони долари.

396450-hrvatska-prezema-vreden-nedvizhen-imot-na-poraneshna-jugoslavija

Хрватска ќе го преземе недвижниот имот во Тунис, Кенија, Мадагаскар и во Алжир, кои на еднакви делови се поделени меѓу Хрватска и Босна и Херцеговина..

– За преземањето ќе се договориме билатерално. Договорот ќе биде постигнат пред примопредавањето, што ќе се реализира најдоцна до 1. октомври. Во постојан контакт сме со претставниците на БиХ, се наведува во соопштението на хрватскто Министерство за надворешни работи.

Некои од претставништвата ќе бидат продадени поради тоа што се преголеми за поделба.

Најмалку 10 милиони доалри ќе добие Хрватска од продажбата на зградата на амбасадата и резиденцијата во Њујоорк, а потоа и објектите во Токио, Бон и Берн. Вредноста на тие објекти се проценува на 42,7 милиони долари од кои на Хрватска и припаѓаат 23,5 отсто.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top