Во Србија е уапсен З.М. (50) бидејќи на првиот родендне на својата ќерка ја избодел сопругата Г.Р (34). Според информациите на српски „Блиц“, тој неодамна излегол од притвор поради семејно насилство, ја тепал својата сопруга, но и нејзината мајка.

– Таа пријавила дека сопругот ја тепа и поради тоа бил уапсен. Бил во притвор и за него е поднесен обвинителен акт. Меѓутоа, на главниот претрес заедно со мајката и со сведоците го променила исказот. Тврделе дека тој не е виновен, па била отфрлена кривичната пријава за него и бил пуштен на слобода – вели согооврникот за српски „Блиц“.
Кога бил пуштен од притвор требало со сопругата да организира роденден за нивната ќерка и никој не можел да почуствува дека семејното насилство ќе се повтори.
– Кoга роднините си заминале, сопругата легнала в кревет заедно со својата ќерка, а тој без никаков повод го зел ножот и ја избодел по целото тело. Бил пијан, сопругата се бранела и во тој момент ѝ прорботел мајчинскиот инстинкт, па го заштитила своето дете. За среќа, детето не е повредено. Таа успеала да повика Брза помош – додава соговорникот.
Загубила многу крв и поминала со тешки телесни повреди и веднаш била пренесена во ургентниот центар, а полицијата го уапсила насилникот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


