| четврток, 6 декември 2018 |

Дачиќ направи циркус – му пееше на уво на Еди Рама за роденден!

rama

Српскиот шеф на дипломатијата Ивица Дачиќ на свечената вечера на Самитот за западен Балкан во Париз му пееше на уво на Еди Рама, премиерот на Албанија.

Имено Франсоа Оланд, претседател на Франција, организираше свечена вечера по самото завршување на самитот. Како на Еди Рама тој ден му беше роденден, тој го замолил Дачиќ нешто да му отпее. Се разбира главниот  пејач на политичката сцена оваа понуда не ја одбил. Дачиќ на цел глас му ги пеел на Рама „О соле мио“ и „Санта Лучија“, а пред да запее прашал:А каде ви е оркестарот?

На изненадување на Ангела Меркел, германската канцеларка и домаќинот Оланд, наведуваат медиумите, Дачиќ запеал како на концерт и ништо не можело да го спречи да ги покаже своите пејачки способности.

-Оланд, Меркел и Фредерика Могерини го прегрнуваа и бакнуваа- говори изворот кој бил на вечерата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top