Непознати напаѓачи крвнички претепале 39 годишен маж од прилепско Доброште во Кичево.
Инцидентот се случил ноќеска околу 3 часот кога две непознати лица го нападнале 39 годишниот Н.М. од прилепското село Доброште. Насилниците употребиле и метален боксирач со кој му биле нанесени тешки повреди. Нападнатиот бил пренесен во Ургентниот центар во Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


