Фудбалерите на Шкендија забележаа нова победа над полската екипа Краковија. Вечерва во Краков тетовската екипа победи со 1-2 во реванш-мечот и со вкупни 4-1 се пласира во следната фаза од квалификациите во Лига на Европа. Пред седум дена Шкендија на домашен терен славеше со 2-0.
Стрелци на головите за нашиот претставник беа Бесарт Ибраими во 13. минута и капитенот Ферхан Хасани во судиското продолжение од натпреварот. За домаќините единствениот гол го постигна Четнарски во 68. минута.
Шкендија сега е единствената екипа од Македонија која успеа да се пласира во следното коло од Лигата на Европа, откако Силекс беше елиминиран од Вадуз и Работнички од Будуќност.
Шкендија во второто коло од квалификациите во ЛЕ ќе игра против екипата Нефчи од Баку, за кој што од оваа сезона настапува нашиот дефанзивец, Ванче Шиков. Првиот дуел е закажан за седум дена.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст