| четврток, 6 декември 2018 |

Северна Кореја: Вашингтон објави војна

кореја

Американското воведување санкции на севернокорејскиот лидер Ким Џонг му објави војна, соопшти официјален Пјонгјанг.

Ваквиот потег на американските власти е окарактеризиран како најлош непријателски акт против државата, навело Министерството за надворешни работи на Северна Кореја.

Претходно американското министрество за финансии донело одлука за воведување поединечни санкции на севернокорејскиот лидер, а покрај него на црната листа се најдоа уште 10 високи функциониери.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top