| четврток, 6 декември 2018 |

Се бара исчезната кичевка

56 годишната Веселка Спасеноска од Кичево се води како исчезната, а нејзините најблиски бараат помош од сите кои имаат информации за жената.

Веселка последен пат е видена во понеделникот на 29 април, кога го напуштила домот и до денес и се губи секаков траг.

– Чекавме час, два мислејќи дека е излезена во продавница но неа ја немаше. Пријавивме и во полиција, од каде ни беше речено дека сега за сега нема информации за исчезната жена. Инаку таа последно беше облечена во сини фармерки и бела маица, а во текот на истиот час кога ја немаше дома , била  забележана кај разделната градба кај с. Другово, од кога  и се губи секаков траг. Пред 13 години таа имаше психички проблеми од кои се лекуваше, а и денес повремено земаше терапија. Ги молиме сите што имаат било каква информација да ни се јават, за да знаеме што се случи со мајка ми- велат нејзините синови Дуле и Живко од Кичево.

За било какви информации контактирајте ги роднините на Спасеноска на телефон 078/422-317

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top