| четврток, 6 декември 2018 |

Жител на скопско Бојане сакал нелегално да внесе 30 илјади швајцарски франци преку аеродромот Алексадар Велики

 Царинските службеници на Аеродромот Александар Велики спречија обид за нелегално внесување на 30 илјади швајцарски франци.

 Вчера околу 20 часот, со лет од Мулхаус пристигнал македонски државјанин од с.Бојане – Скопје Сарај кој се определил за зелениот канал каде поминуваат патници кои немаат ништо за пријавување за царинска контрола.

 Лицето е селектирано за царинска контрола, при што во внатрешниот џеб од сакото, царинските службенци пронајдоа вкупно 42 илјади швајцарски франци.

 Согласно законот за девизно работење, резиденти можат слободно да внесат девизни средства во противвредност од 10 илјади евра, а износ над овој  мора да биде пријавен на Царина.

12 илјади швајцарски франци му се вратени на сопственикот додека останатиот износ, т.е. 30 илјади франци се одземени. Против прекршителот е покрената прекршочна постапка за сторен девизен прекршок.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top