Трите повредени лица во сообраќајната несреќа која утринава се случи на магистралниот пат Охрид-Кичево, на потегот помеѓу селата Мешеишта и Требеништа, како што пишува Курир оделе на веридба.
Според нивни информации, повредените се мајка и ќерка на возраст од околу 70 и 50 години, како и 68 годишен маж нивен сопруг и татко. Помладата жена барала да не бидат задржани во болницата, бидејќи како што рекла, морале да стигнат на веридбата на нејзината ќерка. Повредените се наоѓаат надвор од животна опасност, но се задржани во болница и се под надзор на лекарките екипи.
Од СВР Охрид денес соопштија дека во тешката сообраќајната незгода учествувале две патнички возила-џип: „Порше“ со дипломатски ознаки и „Крајслер“ со американски национални ознаки како и едно товарно моторно возило марка „Ивеко“ со македонски национални ознаки.
Двете патнички моторни возила, по магистралниот пат се движелe во правец од Охрид кон Кичево додека товарното возило „Ивеко“ сообраќало во обратен правец односно од Кичево кон Охрид.
Полицијата ги утврдува причините за несреќата, односно дали истата е случена во момент на претекнување на возилото-џип „Крајслер“ во кој се наоѓале трите тешко повредени лица над возилото „Порше“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.