| четврток, 6 декември 2018 |

Две третини потенцијални Данци не знаат да го решат тестот за државјанство

Дури две третини од потенцијалните дански државјани не знаат да го решат тестот за државјанство. Ова го потврди Ингер Стјеберг, данска министерка за интеграција.

Новиот тест, кој е дел од планот на министерката да го отежни добивањето на данско државјанство, имигрантите првпат го полагаа минатиот месец. Резултатите се крајно поразувачки – дури 68.8 отсто од кандидатите не го положиле.

Уште по првите резултати, кога данскиот весник „Политикен“ и многу дански медиуми го поставија тестот на своите веб-страници, се покажа дека дури и самите Данци имаат големи проблеми при решавањето на истиот.

Претходниот тест за државјанство беше актуелен за мандатот на претходната данска влада и беше многу полесен и главно фокусиран на современи проблеми и прашања околу интеграцијата во данското општество. Овој новиов е главно фокусиран на данската историја, вклучувајќи некои мошне бизарни прашања кои наидоа на критика во данската јавност. Згора на тоа, неопходно е да се одговорат 32 од 40 прашања.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top