Во тешката сообраќајка што се случи утрово во близина на Требеништа учествувал и познатиот бизнисмен, поранешен градоначалник на Битола и почесен конзул на Република Србија, Силјан Мицевски – Циле, кој се возел во џипот со дипломатски регистарски таблички, објави порталот „Охрид1“.
Според досегашните информации, до несреќата дошло при судир на два џипа на магистралниот пат Охрид-Кичево. Повредени се четири лица, од кои три моментно се надвор од животна опасност, а едно е во животна опасност и е пренесено на хируршкото одделение во Охрид.
Вториот џип е со американски регистарски таблички и во него се возеле државjани на Америка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст