| четврток, 6 декември 2018 |

Мафијаши, бизнисмени, политичари… Кои се најмоќните 500 луѓе на светот?

Американскиот магазин Форин Полиси состави листа од 500 најмоќни луѓе на светот. Меѓу нив има мафијаши, политичари, роднини на политичари, бизнисмени и само 50 жени.

При составувањето на листата новинарите ги користеле информациите од листите на најбогати, најуспешнии и највлијателни личности, но не пропуштиле да проучат ниту други бројни извори.

На листата значајно место заземаат политичарите како Франсоа Оланд, Жозе Мануел Баросо, Барак Обама, Владимир Путин и Ангела Меркел. Меѓу нив се и основачот на Фејсбук Марк Цукерберг, директорот на Мајкрософт Стив Балмер и основачите на Гугл Лари Пејџ и Сергеј Брин.

На листата се и папата Франциск и Далај Лама, но и рускиот криминалец Семион Могилевич.

Погледнете ги најмоќните на планетата.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top