| четврток, 6 декември 2018 |

Избоден сопственик на маркет, напаѓачот приведен

Во гостиварското село Србиново околу 07,15 часот, Ќ.А.(49) од истото село откако влегол во маркет „Ветон“, го нападнал сопственикот на маркетот А.А.(51) при што го удрил и со нож му нанел убодни рани во пределот на рбетниот столб.

На А.А му е укажана лекарска помош во Медицинскиот центар во Гостивар, а поради сериозноста на повредите е пренесен во Клиничкиот центар во Скопје.

МВР денеска соопшти дека Ќ.A е приведен во полициска станица и се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top