Сестрата на пејачот Маријан Стојаноски деновиве го кажа судбоносното „ДА“ на прекрасна свадбена церемонија во еден локал во Битола.
За атмосферата на прославата се погрижи групата Молика, но ниту расположениот брат не успеа да одолее да се фати за микрофонот.
Целиот амбиент беше во виолетово–бела боја, а невестата се одлучи за раскошна бела венчаница со кристали и длабоко деколте. Расположената Зорица уживаше во веселата атмосфера во друштво на најблиските, а највпечатлив момент од целата церемонија беше првиот танц со саканиот.
Зорица му е голема поддршка на својот брат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.