Мите Стоилков, талентираното момче кое до самиот крај од последната сезона од регионалното музичко шоу „Пинк Ѕвезди“ ги бранеше боите на Македонија конечно им се обрати на своите илјадници фанови кои несебично го бодреа во изминатите 10 месеци.
Стоилков на фановите им се обрати преку својот Фејсбук профил, а еве што напиша:
После цели 10 месеци борба за успех, поминати стресови, борба со огромната трема, преубави незаборавни моменти, нови спријателувања, конечно дома со освоено прво место благодарејќи на сите вас кои одвоивте од вашето време и ме поддржувавте, не само со вашите гласови кои беа одлучни за освоената победа, туку и со вашите преубави коментари и зборови кои ме поттикнуваа секојпат да бидам се подобар и подобар. Уште еднаш од срце ви благодарам затоа што ми ја приредивте оваа преголема среќа, радост кои не можат да се опишат со зборови!!!!!! ❤❤❤
Воедно сакам да се заблагодарам на сите медиуми, веб портали кои ме поддржаа уште од самиот почеток на шоуто и го повикуваа народот да гласа за мене.
Ве сака вашиот Мите
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст