Четири лица се повредени во тешката сообраќајна незгода што утрово се случи меѓу селата Требеништа и Мешеишта.
Според првичните информации во незгодата учествувале два автомибила и камион.
Во Хирушкото одделение во Охридската болница е пренесено едно лице со повреди на главата и е во животна опасност.
Во специјалната болница за ортопедија и трауматологија биле пренесени три лица, кои според директорот Митко Тилев, се надвор од животна опасност.
– Утрово околу 8 часот во нашата болница се донесени три лица со повреди на главата и на естремитетите и се надвор од животна опасност – изјави Тилев за МИА.
Сообраќајот на магистралниот пат Охрид – Кичево е во прекин, а возилата се пренасочуваат по заобиколни патишта.
Полицијата врши увид на местото.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст