| четврток, 6 декември 2018 |

По масакрот откриена големата тајна на монструмот од Житиште

Триесет и осумгодишниот Синиша Златиќ од српското село Житиште, кој пред неколку дена во крвав поход ја уби својата поранешна сопруга, нејзиното момче и уште три невини лица, бил вмешан во матни зделки. Како што открива извор за српскиот весник „Блиц“, тој се занимавал со препродажба на оружје, а, најверојатно, автоматската пушка со која убивал била дел од пратката наменета за шверц.

– Златиќ илегално тргуваше со оружје. Соработуваше со локалните жители од околината на Житиште. Ним им препродаваше илегално оружје, кое подоцна го шверцуваа во Данска и го препродаваа на тамошното гето – вели изворот, кој, наводно, бил добро упатен во матните работи на Синиша.

 

Врз основа на неговата пушка, полицијата покрена нова истрага со која ќе се покаже неговата вмешаност во трговијата со оружје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top