Само убиецот на моето дете е на слобода. Завршните зборови беа одложени. Треба да биде во притвор и, конечно, да се затвори случајот. Со овие зборови таткото на прегазената студентка кај Универзална сала, Љупчо Цековски, вчера се обрати во судницата на продолжението од судењето за прегазената Фросина.
Како што објавува „Дневник“, таткото на студентката е револтиран бидејќи убиецот уште е на слобода, а неговото чедо повеќе го нема.
На минатото рочиште обвинетиот Љубиша Видојковиќ, кој ја прегази младата девојка на Партизанска, читаше писмо пред присутните. Мајката и сестрата на Фросина не го погледнаа в очи, но ронеа солзи, а таткото го гледаше без никаква емоција.
– Се двоумев дали да го испратам писмото, го отворав и затварав. Нема поголема тага од вашата, од загубата на чедото, но верувајте додека сум жив ќе го паметам 3 април, денот кога зедов живот. Зедов плата, сакавме да седнеме некаде со пријателите, испив некоја ракија и на другарот му го побарав спортскиот автомобил – со солзи читаше обвинетиот, пренесува „Дневник“.
Тој вели дека забрзал кај Универзална, нагазил на гас и почувствувал удар. Го погледнал другаот Сашо, лицето му било крваво.
Инаку, вчера таткото на студентката побара притвор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст